Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека пандемијата со вирусот корона веројатно ќе се влоши во наредните месеци и дека во овие околности приоритет на нејзината влада ќе биде да му помогне на општеството како целина, особено на децата, како и на економијата.

Владата ќе стори сé за нашите деца да не бидат губитници од пандемијата. Училиштата и градинките треба да бидат најважното прашање – рече Меркел на прес-конференција, пренесува Ројтерс.

Владата, додаде таа, исто така, ќе работи на одржување на економската активност или повторно рестартирање таму каде што е сè уште тие стагнираат поради пандемијата, како и да ги зачува работните места.

Трет приоритет ќе биде поттикнување на духот на социјална солидарност затоа што пандемијата ги погодува некои луѓе, како што се стари лица или семејства со ниски примања, потешко од другите.

Во изминатиот период, Германија успеа да го задржи бројот на случаи на инфекција и смртност од Ковид-19 на релативно ниско ниво во споредба со некои други големи европски земји.

Сепак, бројот на нови дневни инфекции расте од почетокот на јули и се забрза во последните недели, забележува Ројтерс.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *