Германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека дневниот број на новозаразени со коронавирус би можел да достигне до 19.200 случаи, ако продолжи сегашниот тренд, но таа објасни како мора да се одржи работата на економијата, пренесе германски „Билд“.

Бројот на нови случаи на зараза расте во послендите недели во Германија. Според податоците од институтот Роберт Кох, во земјата денеска имало 1.192 нови случаи на коронавирус во однос на претходниот ден.

„ Ако продолжи сегашниот тренд, ќе имаме 19.200 случаи дневно“ тоа е слично како во другите земји“ рекла Меркел на видеоконференција со врвот на нејзината партија.