Според најновите анализи со кој располагаме, првиот месец од оваа 2021 година ќе помине во знакот на доста нестабилен месец и со почести врнежи од дожд и снег во најголемиот дел од Балканскиот Полуосторв но и во Македонија.

Како што кажавме се очекуваат повремено и поинтензивни врнежи од дожд и снег, но сепак и покрај ова ќе имаме и постабилни и потопли денови со натпросечно високи температури на воздухот кој ќе ги предизвикува изразеното јужно воздушно струење. Одсега гледано, продор на значително постудена воздушна маса од север кон нашите предели би се спуштила некаде после 10ти јануари.