Нема ништо од Енрике Тешеира во дресот на Металург. Имено иако раководството на нашиот некогашен шампион, уште на 15 мај најави дека Бразилецот е ново име во тимот, беше потпишан и договор, сепак тој нема да игра за тимот од Автокоманда.

Трансферот се искомпликувал и Тешеира денеска потпиша нов договор со ЧСМ Букурешт, тоа значи дека останува во Романија и во наредната сезона.

Сега се знае, Металург ќе мора да се активира на трансфер пазарот, сега мора да тргна по нов среден бек.


Напишете коментар