Британското контраразузнавање МИ-5 си направи профил на социјалната мрежа Инстаграм за да се обиде да се бори против разузнавачките стереотипи и да биде поотворена и поблиска до јавноста, јави ДПА.

МИ5, која е разузнавачка служба задолжена за внатрешна безбедност, нема да стане отворена книга, но сака да ги развие своите односи со академската заедница и приватниот сектор, рече директорот на службата Кен Мекалум.

Тој напиша во британскиот весник Дејли телеграф дека со создавањето на профилот на Инстаграм, службата, која сака да регрутира нови дополнувања, се надева дека ќе изгради подобри врски со други организации и да ги диверзифицира своите начини за пребарување на персонал, пренесува БТА.

Според него, МИ-5 треба да ги разбие стереотипите што ги преставуваат разузнавачите како алкохоличари кои пијат мартини и да се обиде да ја покаже својата работа во вистинско светло.

Тој мислеше на литературниот и филмски протагонист Џејмс Бонд, претставен како агент кој работи за британскиот МИ6. Во книгите и филмовите, Бонд е претставен главно како човек што патува низ светот, пие мартинки, се бори против криминалци и има минливи односи со жени.

Новиот профил MИ-5 на Инстаграм ќе им овозможи на следбениците да поставуваат прашања и да добиваат одговори од сегашните разузнавачи за тоа каква е работата на службата.

Профилот на социјалната мрежа исто така ќе поттикне регрутирање на персонал во МИ-5 и ќе презентира претходно необјавен архивски материјал од музејот на службата.