ОТКАКО новиот министер за внатрешни работи на Црна Гора, Сергеј Секуловиќ донесе одлука со која беше укината забраната за влез во Црна Гора на популарниот пејач Владо Георгиев, тој вели дека се надева дека ќе дојде во Херцег Нови што е можно побрзо.

– Се чувствувам како некој да ми вратил што е мое, што отсекогаш сум го имал, но некој привремено ми го одзеде и го забрани. Зборувам за слободата. Со нетрпение очекувам да дојдам наскоро дома, да ги видам татко ми, мајка ми, пријателите, Бока.