Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски се соочува со обвинување за две кривични дела доколку се докаже дека седел во затворениот дел на една кафеана на скопската улица Боемска во Дебар маало.

Според дополнителната министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска станува збор за две кривични дела, според членовите 205 и 206 од Кривичниот закон. Според првиот член е предвидена парична казна или казна затвор од една до десет години, додека според вториот член следува парична казна или затворска казна до една година.

Вработените во кафеаната, попладнето не и дозволиле на пазарната имспекција да направи увид во затворениот дел на локалот со образложение дека истиот е затворен. По два часа инспекторите виделе дека од објектот излегол лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Вечерва, околу 18 часот и 15 минути, Државниот пазарен инспекторат беше спречен да изврши увид во еден угостителски објект со образложение дека објектот е затворен и внатре нема гости, изјави Мери Проја Продановска. Спопред Проја Продановска, од Државниот Пазарен Инспекторат, иако не можеле да ги легитимираат гостите, сепак, инспекторите препознале лидер на една политичка партија.

Во момнентот се води “мала војна ” околу снимките од безбедносните камери од тој локал како и од околните локали. На теренот се и припадници на Единицата за брзо распопредување.


Напишете коментар