Генералниот секретар Игор Јанушев повеќе нема да биде шеф на Републичкиот Изборен Штаб на ВМРО ДПМНЕ!? Според непотврдени информации за утре ( среда ) е закажан состанок во партијата каде ќе се дебатира за таа најавена смена. Од извори во партијата се дознава дека нов шеф на РИШ на ВМРО ДПМНЕ ќе биде партискиот лидер Христијан Мицкоски. Ние го контактиравме Игор Јанушев. Преку телеграм го прашавме: Добар ден г. Јанушев. Дали е точно дека повеќе не сте прв човек на РИШ за изборите? И дали на таа позиција ќе ве замени Претседателот Мицкоски? До пишувањето на овој текст не добивме одговор од Јанушев иако тој цело време беше активен на апликацијата телеграм. Игор Јанушев беше избран за шеф на РИШ на ВМРО ДПМНЕ, за предвремите избори кои требаа да се одржат на 12 април, на седницата на Извршниот Комитет на партијата која се одржа на 12 ноември 2019 година. Како стоше во партиското соопштение на таа позиција Јанушев беше избран едногласно. Игор Јанушев беше шеф на РИШ на ВМРО ДПМНЕ и на ланските претседателски избори на кои кандидатот на партијата Гордана Сиљановска Давкова изгуби од Стево Пендаровски. Но тогаш имаше два изборни штаба: Партиски кој го водеше Јанушев и Граѓански кој го водеше Жидас Даскаловски. Ако утре биде потврдено сменувањето на Јанушев и Мицкоски дојде на чело на РИШ тоа ќе биде негов прв избор на таа позиција. Иако беше генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ, на локалните избори во 2017 Мицкоски беше заменик шеф на РИШ и носител на листата за советници во град Скопје. Таа 2017 година, поранешниот министер Спиро Ристовски беше шеф на РИШ а Мицкоски беше негов заменик. По тешкиот пораз на локалните избори, Никола Груевски се повлече од лидерската позиција во партијата, а Спиро Ристовски од политиката. Само Мицкоски напредуваше во кариерата и од генерален секретар на Конгресот во Валандово беше избран за нов Претседател на ВМРО ДПМНЕ. Ќе водиме дали е ова најава за бура во ВМРО ДПМНЕ пред изборите или ќе биде само бура во чаша вода!?


Напишете коментар