Додека трае пинк-понг префрлањето на топчето помеѓу Заев и Мицкоски, вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти изјави дека избори во Македонија ќе има во јули.

Според Курти, избори во јуни ќе има во Исланд, Франција и Србија, додека во јули во Македонија, Шпанија и Хрватска. Курти ги објави датумите за изборите со цел да докаже дека и на Косово треба да има вонредни парламентарни избори.

Пред неколку дена порталот „Во центар“ објави дека избори во Македонија може да има на 12 јули, дека политичките партии со посредство на меѓународната заедница разговараат за компромисен датум за нови избори. СДСМ притиска тие да бидат пред 12 јули, а ВМРО-ДПМНЕ повеќе сака тие да бидат на 19 јули.

Инаку, косовските медиуми објавија дека пред неколку дена Албин Курти имал телефонски разговор со Стево Пендаровски, па можеби информацијата за тоа кога ќе има избори во Македонија Курти ја дознал од тој телефонски разговор!?


Напишете коментар