Во последните два дена, две групи од стотина мигранти кои се истоварија во Сицилија, успеаја да избегаат од центарот за мигранти, пишува агенцијата Анса.

Доцна синоќа, полицијата објави дека скоро сите биле фатени и вратени во прифатните центри.

Во разговорот со министерката за внатрешни работи Лучијана Ламоргезе, Претседателот на регионот Сицилија, Нело Мсумеци изрази максимална загриженост за неподносливата состојба во Сицилија, постојаното пристигнување на мигрантите и стравот дека неконтролираната состојба може да предизвика тензии и социјални немири.

Министерката Ламоргезе вети дека армијата ќе биде испратена во Сицилија што е можно поскоро за да и помогне на полицијата во одржувањето на редот.

Во врска со инцидентот, министерот за надворешни работи Луиџи Ди Мајо рече дека „е недопуштено луѓето да шетаат по островот без контрола затоа што сè уште постои опасност од ширење на инфекцијата„ Ковид-19 “ и дека владата ќе испрати брод крај брегот на Сицилија кој ќе служи како карантин за ново пристигнати мигранти.

Според агенцијата Анса, во моментот има околу 800 нови мигранти во прифатниот центар за мигранти во Сицилија, иако има слободни слободни места за само 95 лица во центарот.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *