Двајца мигранти упаднаа денес на литургија во црквата Александар Невски во Белград и ги ограбија луѓето што присуствуваа на литургијата. Станува збор за двајца мигранти кои ограбиле неколку верници пред останатите присутни на литургијата да се организираат и да го совладаат едниот мигрант, додека другиот успеал да избега.

Старешината на храмот Свети Александар Невски од Белград ја потврди оваа информација и за целиот случај е информирана полицијата.

Верениците беа видно изнервирани. Ние им овозможивме да најдат сигурен престој во нашата држава, изјави еден од нив, а тие не знаат тоа да го ценат, за нив ништо не е свето. Тој што избега и ја зема целата пензија на една постара госпоѓа која присуствуваше на литургијата.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *