Доцна синоќа во центарот за мигранти Липа кај Бихаќ се случи судир меѓу неколку стотини мигранти, во кој учествуваше и полицијата.

Според првите информации, користено е и огнено оружје, а неколку лица се повредени.

Како што се наведува, конфликтот избувнал пред полноќ и во него учествувале скоро 150 мигранти, како и полицијата, која се обидела да ја смири ситуацијата по конфликтот меѓу и со мигрантите.

Очевидци тврдат дека се користело огнено оружје, но сè уште не се знае кој пукал.

Според непотврдени информации од Министерството за внатрешни работи на Унско-санскиот кантон и наводите на очевидците, со огнено оружје пукал полицаец кој се бранел од мигрант кој го нападнал со нож.

Порталот Клих наведува дека неколку лица се повредени, а неколку амбулантни возила и полицијата на единицата за брза интервенција се упатиле кон кампот.

Засега ситуацијата е колку толку под контрола, но сепак силни полициски сили се групираат околу логорот Липа.

Целата ситуацијата во Унско-санскиот кантон од ден на ден излегува надвор од контрола.


Напишете коментар