Поранешниот директор на Управата за безбедност и разузнавање, член на ИК на ВМРО ДПМНЕ, и сива еминенција на партијата, Сашо Мијалков, во анализа за порталот Плусинфо ги оценува состојбите во партијата по завршувањето на изборите, како и оценката на Христијан Мицкоски и партиските органи дека се тие победници на изборите и дека ќе ја формираат новата влада:

Жалам што мора да кажам, но ваквите ставови се навистина незрели и несериозни. Да не знае човек дали да плаче или да се смее. Се плашам дека повторно Христијан Мицкоски и највисокото раководство околу себе става стаклено ѕвоно и ја игнорира реалноста. Повторно со некакви математики кои се разбирливи само за нив, креираат лажна слика и живеат во еден лажен свет. Проблемот е што сега се помалку граѓаните им веруваат. Добар дел и од блиските на Мицкоски не веруваат во оваа лажна слика, но се плашат да кажат дека со политиките кои ги водеа и со неискрениот пристап, не успеаја да обезбедат поддршка од граѓаните, вели Мијалков.

Реалноста гласи дека ова раководство на ВМРО ДПМНЕ го оствари најслабиот резултат во историјата. Од освоените 455.000 гласови на последните парламентарни избори во 2016 година, Христијан Мицкоски падна на 315.000 гласа. Само Љубчо Георгиевски бил полош од него во 2002 година, кога освои 300.000 гласови, а тогаш и тој и Љубе Бошковски беа на црната листа на САД, a позади себе имаа шверц на цигари, нафта,убиства и куп други афери, објаснува Мијалков во Плусинфо.

Повеќе можете да прочитате на следниот линк:

https://plusinfo.mk/sasho-mi-alkov-direktno-protiv-hristi-an-mickoski-na-vmro-dpmne-mu-treba-novo-rakovodstvo/


Напишете коментар