Милијардерот Мајкл Блумберг, кој потроши стотици милиони долари на својата неуспешна кандидатура на прелиминарните избори во Демократската партија, планира да потроши 100 милиони долари на Флорида за да му помогне на својот партиски колега Џо Бајден во клучната држава против републиканскиот претседател Доналд Трамп, објави во неделата Вашингтон пост.

Советниците на Блумберг тврдат дека поранешниот градоначалник на Њујорк ја донел својата одлука минатата недела по објавувањето на весниците дека Трамп размислува да ја потроши истата сума во таа сојузна држава.

Републиканскиот претседател, кој заостанува зад Бајден на анкетите ширум државата пред изборите на 3 ноември, пред новинарите минатата недела изјави дека е подготвен да ги потроши своите пари доколку биде потребно.

Анкетите во Флорида, една од клучните држави за конеченниот резултат на изборите, покажуваат дека поддршката за двајцата кандидати е израмнета во последните неколку недели, па Блумберг смета дека тоа е добро место да ги фокусира своите активности, откриваат неговите советници за Пост.

Блумберг верува дека инвестирањето во Флорида ќе овозможи средства од кампањата од други демократски извори да се користат во други држави, особено во Пенсилванија.

Њујорк Тајмс, минатата недела, објави дека првичната финансиска предност на Трамп во однос на поранешниот потпретседател на САД Џо Бајден се стопила и дека од собраните 1,1 милијарди долари, што неговата партија и со неговата кампања биле собрани од почетокот на 2019 година до јули оваа година, веќе биле потрошени над 800 милиони долари.