Откако ќе се отворат границите, огромен број луѓе ќе се обидат да стигнат во најбогатите држави, бегајќи од сиромаштијата што ќе настане само заради епидемијата на вирусот корона, предупреди шефот на Црвениот крст. Тој додаде дека мигрантите ќе бидат стимулирани и поради потрагата по вакцината.

Џаган Чапаген, шеф на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, даде мрачно предвидување во коментарот за АФП.

Граничните блокади низ целиот свет веќе ги носат луѓето на работ на сиромаштија. Очајот ги принудува да изберат помеѓу изложеноста на Ковид-19 и ризикот од глад, рече тој.

Затоа, вели тој, не треба да изненадува ако „масовна миграција“ се појави во наредните години или дури и во наредните месеци.

Ситуацијата би можела да се контролира доколку им се помогне на луѓето пред да ги напуштат своите матични земји.

Трошоците за поддршка на мигрантите, за време на транзитот во земјата во која сакаат да дојдат, се многу повисоки од поддршката на луѓето и нивниот живот, образование и здравје во нивните матични земји – додаде тој.

Европските лидери исто така предупредија.

Потенцијалните мигранти може да чувствуваат дека имаат подобри шанси да преживеат „од другата страна на морето“.

Ако луѓето гледаат дека вакцината, на пример, е достапна во Европа, но не и во Африка, што им преостанува да прават, рече тој.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *