Првото тримесечие од учебната година заврши без проблеми, оценките за учениците за овој период се зклучени, а од разговорите со директорите на училиштата може да заклучиме дека онлајн наставата сега се одвива без проблеми, изјави на прес-конференција министерката за образование и наука Мила Царовска.

„Предизвиците со кои се соочуваа наставниците и учениците и во делот на онлајн наставата и во делот на оценувањето се надминати“, рече министерката  Царовска на новинарско прашање како ќе ја оцени наставата од оваа учебна година во услови кога Националната платформа за учење од далечина не профункционира.