„На покана на премиерот на Бугарија, Бојко Борисов и министерот за здравство проф. Костадин Ангелов денеска ќе присуствувам на седница на владата на Република Бугарија. На оваа седница во Софија се очекува да се разговара за тоа Република Северна Македонија да добие дел од правата пратка вакцини што ќе стигнат во Република Бугарија.

Поддршката од земјите членки на ЕУ е вториот механизам преку кој нашата земја ќе обезбеди вакцини против Ковид 19. Досега таков вид на помош, на нашата земја и понудија и Полска и Грција. Освен со купување одредена количина од вакцините на овие земји членки на ЕУ, нашата земја обезбеди вакцини против Ковид 19 и преку Ковакс механизмот. Во тек се разговори и со произведувачите за евентуална директна набавка од нив.“ – објави министерот Венко Филипче.