Министерот за внатрешни работи Александар Вулин рече дека најмалку е загрижен што ќе каже ЕУ . Најмногу ме засега што српските граѓани ќе кажат кога станува збор за односот кон мигрантите и посочи дека Србија достоинствено се однесува кон мигрантите и ги почитува нивните права.

“Ако кажам дека секој што ќе украде нечиј автомобил ќе наиде на одговор од Министерството за внатрешни работи, тогаш им се заканувам на крадците? Тоа е само закон, мора да го почитувате законот”, рече министерот. Истото важи и за мигрантите.

„За разлика од повеќето земји на ЕУ, Србија покажа дека е организирана и хумана кога станува збор за мигрантите“, рече Вулин, потсетувајќи дека од 2015 година, кога започна мигрантската криза, најмалку еден милион луѓе поминале низ Србија, но не не се пријавени никакви инциденти.