Министерот за образование, Арбер Адеми, објави дека е заразен со корона вирусот.

-Драги пријатели, роднини и соработници, Ве известувам дека по неколку благи симптоми вчера и сомневања дека можеби сум заразен со СОVID-19, го направив тестот и за жал резултирав позитивен!

Апелирам до сите вас да ги почитувате максимално протоколите заради вашето здравје и здравјето на вашите најблиски.

Ви посакувам се најдобро на вас и вашите семејства!, напиша Адеми на фејсбук.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *