Актерката Шенон Доерти веќе шест години се бори со ракот на дојката и покажа како изгледа без коса.

Sвездата од сериите Шарм и Беверли Хилс сподели фотографии од болничкиот кревет, а една од нив е селфи, на кое Шенон нема коса и од носот и тече крв:

По повод месецот на освестување за ракот на дојката, би сакала да споделам повеќе со вас за моето патување од првата до втора дијагноза. Дали е се убаво? Не, но тоа е искрено и го делам со надеж дека ќе ги едуцирам луѓето и ќе им дадам малку подобра идеа за како изгледа ракот.

Се надевам дека ќе ги охрабрам другите редовно да одат на мамографија и да го победат стравот од можни лоши резултати. Дијагностициран ми е рак на дојка во 2015 година. Поминав низ мастектомија и хемотерапија и зрачење. Честопати имав крварење од носот од хемотерапија.

Не знам дали некој од вас го доживеал ова. Се развеселував самата себе облекувајќи смешни пижами што ми ги подари мојата пријателка Кристи. Дали тие всушност ми го подобрија расположението? Да! Изгледав урнебесно и се смеев самата. Хуморот ми помогна да го надминам тоа што изгледаше невозможно. Се надевам дека сите ќе успееме да најдеме хумор во невозможни ситуации, испрати силна порака Шенон.

Во февруари 2020 година, Доерти откри дека болеста е во четврта, терминална фаза – три години откако кажа дека нејзината прва борба со ракот заврши со ремисија.