Познатата хрватска и екс југословенска глумица, Мира Фурлан, која по распадот на СФРЈ живее и работи во Лос Анџелес, сегашната состојба во САД и тоа што сега се случува во Америка го спореди со времето на распадот на поранешна СФРЈ.

Нема никаква контрола, вели Фурлан. Републиканците отвораат, а демократите затвораат.Републиканците сакаат бизнисот да оди понатаму, дури еден од нив кажа дека треба да се жртвуваат старите луѓе за иднината на младите.

Според Фурлан денес наративот во САД и еднаков како со тој во СФРЈ пред 30 години. Постои апсолутна поделеност на Америка на два табори, вели Фурлан. Ние сме ветерани во растурањето така што тоа што сега се случува во Америка мене ми е веќе видено, заклучи Фурлан.


Напишете коментар