Аргентинскиот волшебник „исчезна“ во петокот вечер, на натпреварот со Баерн Минхен, кога баварската машинерија ја победи Барселона со 8: 2 во четвртфиналето од Лигата на шампионите, а британскиот весник тврди дека Манчестер Сити има најмногу шанси за договор со него ако реши да си замине од Барселона.

„Мирор“, под етикетата „ексклузивно“, ги пренесува размидлувањата од таборот „Граѓаните“ дека се фаворити за потписот на Меси, доколку реши да го напушти стадионот „Камп Ноу“.

Сити има пари со кои би можеле да го намамат Меси, а како адут секако е Пеп Гвардиола, со кого Меси беше дел од веројатно најдобриот тим на Барса во историјата на клубот.

На „Етихдад” се свесни дека односот на Меси со управата на клубот и веќе презажалениот тренер Кике Сетиен не е најидеален во последно време, па со недели се зборува за потенцијално заминување.

Клубот од Манчестер смета дека на Меси му треба нов предизвик по шест Златни топки во Барселона и повеќе титули и трофеи во Лигата на шампионите кои Блауграна не успева да ја освои од 2015 година.

Покрај тоа, Меси има клаузула во неговиот договор што му овозможува да го напушти клубот слободно на крајот од секоја натпреварувачка сезона во мај, но неговата откупна клаузула од повеќе од 700 милиони евра е недостижна за сите клубови.

Токму поради клаузулата, Сити мора да почека да се види желбата на Меси по 16 години во првиот тим на Барселона, да посака да се пресели во друг клуб.

Друга опција е граѓаните да чекаат Барселона да започне со обнова на тимот и да да види дали ќе се согласат да се откажат од својата легенда и највредниот фудбалер.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *