Вакцината Спутник 5 досега е тестирана на 40.000 волонтери и покажа ефикасност од 95 отсто, изјави Мирослав Лазански, познатиот воено политички аналитичар а сега амбасадор на Србија во Москва.

Во Србија веќе пристигнаа 20 дози од вакцината Спутник 5 и тие ќе бидат тестирани во институтот „Торлак“.

Се надеваме дека ќе се воспостави соработка меѓу Русија и Србија по тестирањето на вакцината, бидејќи тоа е првата регистрирана вакцина против коронавирусот во светот, рече амбасадорот на Србија во Русија Мирослав Лазански како гостин во емисијата Викенд наутро на РТРС.

Вакцината Спутник 5 досега е тестирана на 40.000 волонтери и покажа ефикасност од 95 отсто. Во тек е третата, последна фаза од испитувањето, посочи Лазански.

Лазански рече дека вакцината Спутник 5 ќе биде бесплатна за руските граѓани, а цената на две дози на пазарот ќе изнесува максимално 20 долари.

Тој потврди дека и тој ќе прифати да биде вакциниран доколку има можност за тоа.