Припадници на српското Министерството за внатрешни работи и Управата за сообраќајната полиција, во текот на вчерашниот ден на делницата на автопатот Ниш-Белград кај Велика Плана, сопреле и исклучиле од сообраќај триесет и двегодишен возач, државјанин на Македонија, кој возел ауди А8 со брзина од 252,8 километри на час.

Тој возеше со брзина поголема од 250 километри на час по делот од патот каде што брзината е ограничена на 130 километри на час.

Против возачот ќе биде поднесена прекршочна пријава за насилно возење.

Српските медиуми не објавија детали за возачат, ниту, пак, дали возел под дејство на алкохол.