Казујоши Миура останува да биде највозрасниот играч на сите времиња што се занимавал со играње фудбал професионално. Својата фудбалска приказна Миура на 54 годишна возраст ќе ја продолжи во Јапонија, каде денеска со симболични бројки го прослави потпишувањето на новиот договор со тамошниот прволигаш Јокохама, на 11 јануари во 11 часот и 11 минути.

Миура го носи и дресот со број 11, а е највозрасниот фудбалер што настапил во професионален клуб. Играше меч на 53 години, шест месеци и 28 дена.

Во февруари Миура ќе наполни 54 години, па со тоа само ќе го обнови сопстевниот рекорд, што е речиси недостижен во светот на фудбалот, а ќе се натпреварува со Јокохама и во иднина во најсилната јапонска фудбалска лига.