Тајна церемонија: Британскиот премиер Борис Џонсон се ожени со 23 години помладата Кери.

Британскиот премиер Борис Џонсон се ожени со Кери Симондс на тајна церемонија што се одржа утрово во Лондон, ексклузивно дознава Дејли мејл.

Двојката се венча во катедралата Вестминстер во присуство на неколку пријатели и роднини. Интересно, ова е прв случај од 1822 година англискиот премиер да се ожени за време на неговиот мандат.

Двајцата поделија покани за свадбената веселба што ќе се одржи во недела.

Инаку, ова е трет брак на Борис Џонсон