До пред два дена 924.793 лица починаа како резултат на болеста КОВИД-19, што е 3,2 проценти од вкупниот број заразени.

Вкупниот број на заразени е повеќе од 28,9 милиони луѓе, и тој број, се разбира, ќе продолжи да расте, сè додека не се открие вакцина што ќе ја победи чумата во 21 век.

Затоа, погледите на целиот свет се насочени кон најголемите светски фармацевтски компании кои брзаат да откријат вакцини. Оној кој ќе успее да открие и да пласира на пазарот вакцина способна да брани од коронавирус, сигурно ќе влезе во аналите на светската цивилизација.

Бројките најдобро зборуваат за тоа колку е сериозен и опасен вирусот. Според оние од Светската здравствена организација (СЗО), во светот, во текот на една сезона на „обичен“ грип, умираат околу 650 илјади луѓе од таа сезонска болест.

Досега од короната се умрени повеќе од 924 илјади и крајот сè уште не се гледа.

Ако бројките се зголемуваат од ден на ден, како што се зголемуваат во последните денови (повеќе од 340.000 нови случаи на ден), до крајот на годината повеќе од 66 милиони луѓе во светот би можеле да бидат заразени (позитивно) со коронавирус и бројот на смртни случаи доколку смртноста биде како досега, околу 3,2 проценти, може да надмине 2,1 милиони луѓе.

Лидерот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус предупреди денес дека КОВИД-19 не е последната пандемија и повика на политички и финансиски инвестиции во спречување на пандемии.

Не знаеме која ќе биде следната здравствена криза, но знаеме дека ќе дојде. И, мора да бидеме подготвени, рече Тедрос, објаснувајќи дека ова не е заплашување, туку повик за акција.

Неговиот говор уследи откако, според Универзитетот Џон Хопкинс, повеќе од 29 милиони инфекции со коронавирус и повеќе од 924 953 смртни случаи биле потврдени ширум светот, додека скоро 19,7 милиони луѓе се опоравиле од КОВИД-19.