Речиси 50.000 нови случаи на коронавирус се пријавени во последните 24 часа во Турција – рекорд од почетокот на пандемијата. Повеќе од 200 лица починаа, соопштија здравствените власти.

Новоинфицирани со коронавирусот се точно 49.584 лица.

Бројот на смртни случаи продолжува да рапидно расте. Уште 211 лице починало, со што вкупниот број на почибати изнесува 32.677. Вкупно заразени се 3.579.185 лица.

Турција е осма во светот според овој индикатор. Поради наглиот пораст на случаите на коронавирус во земјата, Турската управа за верски работи (Дијанет) ги укина вообичаените молитви, што се одржуваа во џамиите за време на Великиот пост за време на светиот месец Рамазан, секоја вечер по ифтар. Претходно, владата објави дека рестораните ќе бидат затворени за време на Рамазан, но џамиите ќе бидат отворени за заеднички молитви.

Нема официјално соопштение, но има тврдења дека поради ситуацијата со ширењето на коронавирусот во Турција, можно е да се воведе целосна блокада. Експертите изразуваат загриженост дека постои ризик во земјата да се повтори италијанското сценарио од минатата година.