Лидерот на СДСМ и македонски премиер, Зоран Заев на вечерашниот митинг во Гази Баба најави голема победа на СДСМ во првиот круг на локалните избори. Според Заев во првиот круг ВМРО ДПМНЕ ќе освои само четири градоначалници, за разлика од СДСМ кој ќе освои 22 градоначалнички позиции.

Тоа значи дека, според математиката на Заев, уште во првиот круг СДСМ ќе победи во една третина од условно речено македонските општини.

Во вчерашната емисија 200, на Алсат М Телевизија, Заев изјави дека во третата изборна едница СДСМ ќе победи со сооднос 90 спрема 10, притоа кажа дека очеува победа во Куманово, Крива Паланка, Штип, Кочани, Берово, Делчево, а дека ВМРО ДПМНЕ на македонскиот исток ќе се бори само во некои помали општини.

Заев на Алсат М најави победа во Струмица, Валандово, Радовиш, Богданци, Дојран, Ново Село итн.

На телевизискиот дуел со лидерот на ВМРО ДПМНЕ пред неколку недели, Заев рече дека СДСМ и коалицијата ќе победат и на советничките листи и на листите за градоначалници и на изборите во градот Скопје.