Гастроентеролог проф. Др Војислав Перишиќ повеќе пати има кажано што мисли за кравјото млеко, а сега и подетално објасни зошто тоа не е здраво.

Козјото млеко би требало да го пиете секој ден, додаде професорот и објасни како да се направи баланс во исхраната со оглед на тоа што сите сме израснати со кравјо млеко. Тоа треба да се исфрли, освен кога станува збор за многу мали деца.

Секој ден да пиете козјо млеко, наутро, попладне и навечер по една чаша млеко, а дневно и едно парче козјо сирење. Исфрлете го кравјото млеко, и јас пораснав со него и не ми фали ништо, но да ви кажам нешто, на метаболичките процеси најдобро влијае козјото млеко, а само бебињата и малите деца до четири години мораат да пијат кравјо поради фолати, изјави Перишиќ.

Кравјото млеко, како и црвеното месо содржи фолна киселина која би требало внимателно да се внесува.

Во месото и во кравјото млеко има најмногу. Доволно е само три пати неделно да јадете месо, има ужасно многу фолати. На Запад козјото млеко се обогатува со фолна киселина, но човек тогаш внесува пет пати повеќе фолати од тоа што му треба и ако се претера тоа е опасно може да го зголеми ризикот од рак.

Козјото месо е повкусно и од јагнешкото, кој содржи помалку супстанци од тие што не би требало да ги користиме и многу е по здраво, има доволно фолати колку му што му треба на мозокот, на коскената срж, и ткивата кои се обновуваат.

Тој порача да внимавате што купувате и дека ретко се препознава во продавниците, па најдобро вистинското млеко да го купувате од селаните.