Тој може и ќе се менува во зависност од епидемиолошката состојба, препораките на надлежните институции, но особено важно, и од контролата и квалитетот на образовниот процес. Сосема ми е јасно дека не постои идеален модел по желба на сите, ниту пак едно унифицирано решение. Токму затоа, во сите држави во регионот и во Европа решенијата се национални, а не универзални. Во многу поразвиени држави, ги следиме предностите, проблемите и корекциите. За да креираме и спроведуваме најдобро можно решение и модел. Јас немам законски ингеренции во релација со јавното здравје, но имам и целосно ги разбирам и ги прифаќам моите обврски за системот и квалитетот на образовниот систем – вели министерката.

Царовска потенцира дека не смее да се дозволи „црно-бела слика и исклучиви позиции во кои ќе се одлучува за избор: или здравје или образование на децата“.

Тоа не е добро. Работиме да овозможиме и заштита на здравјето и солидно, ефикасно, ефективно образование. Во оваа ситуација не сме затоа што сакаме, туку затоа што мораме да понудиме најсоодветна солуција, а тоа е комбинираниот модел – вели Царовска.

Уверува дека МОН работи на обуки, техники, обезбедување опрема и контрола на образовниот процес.

Планот за започнување на учебната година предвидува практичниот дел од наставата во средните стручни училишта да се изведува со физичко присуство. Годинава, за разлика од лани, сите ученици што ќе следат онлајн-настава ќе се оценуваат, односно знаењето ќе им се проверува со физичко присуство во училиштата, за што ќе се изработат посебни протоколи. Тоа е значајно за сите, без исклучок. Во објективноста и одговорноста во образованието не смее да има исклучок и времен компромис – вели Царовска.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *