Чест ми е да Ви соопштам дека ќе ја претставувам Македонија во проект за Гинисовата книга на рекорди! Станува збор за песна со најмногу пејачи на светот со наслов „One Human“ чиј автор е американскиот композитор и продуцент Graham Czach. Мој единствен услов за учество беше да пишува дека ја претставувам Република Македонија. Денес го потпишав договорот и следната седмица ќе ја снимам песната.

Познатата македонска пејачка Андријана Јаневска ја израдува македонската јавностсо убава вест. Имено пејачката на својот Фејсбук профил соопшти дека ќе ја претставува Македонија во проект за Гинисовата книга на рекорди! Таа соопшти дека се работи за песната „One Human“ а ќе ја снима следната недела.

Андријана Јаневска живее и работи во Скопје. Таа е доцент на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Редовно е вработена во Македонската опера и балет, како прва виолина. Освен виолина, свири пијано, гитара и бас гитара, а првата композиција ја има напишано на 11 години. Музичката наобразба ја започнува во нижото музичко училиште на 6 годишна возраст, продолжува во Средното музичко училиште, дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје на отсекот виолина во 2004 година и магистрира во 2011 година на отсекот „Музичка теорија и педагогија“ оддел „Методика на музичка настава“.