Во ВМРО ДПМНЕ во овој момент е состојбата ни на небо ни на земја. Партијата реши да ги бојкотира изборите во Штип. На 23 октомври, тие избори, од страна на лидерот Христијан Мицкоски, беа дефинирани дека не се обични избори туку дека се избори за спас на Македонија.

Од друга страна партијата ја договори коалицијата со партиите Алијанса на Албанците на Зијадин Села и Алтернатива на Африм Гаши. Тоа се двете партии кои учествуваа, па дури беа и капислата ( пеењето на албанската химна во македонското Собрание ) која потоа ескалираше со настаните на 27 април.

Поради дел од лидерите на тие партии, првенствено Зијадин Села, голем дел од членовите и функционери на ВМРО ДПМНЕ се наоѓаат на издржувањето на затворски казни поврзани со немилите и брутални настани на 27 април 2017 година. Членството на партијата не гледа со големи симпатии на таа коалиција.

Позицијата на Мицкоски во партијата е доста деликатна по губењето на изборите на 15 јули. Сега со бојкотот на изборите во Штип тој покажува страв дека уште еден пораз може да значи крај на неговото претседателствување во партијата.

Во такви услови има многу комбинации за можен наследник на Мицкоски. Во последно време почна да се спомнува името на поранешниот министер за финансии и вицепремиер, Зоран Ставревски. По бомбите и вистината за Македонија, Ставревски си поднесе оставка на функцијата и се повлече од политиката.

Илија Димовски кој беше поранешен пратеник и директор на Центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ сега го убедува Ставревски да прифати да биде кандидат за лидер на партијата на некој вонреден конгрес и дека зад таа кандидатура би застанале многу видни членови на партијата кои имаат добри релации со меѓународната заедница.

Имало неколку средби на Димовски и Ставревски на таа тема но Ставревски се уште не прифаќа и не сака да се врати во високата политика.

Инаку Ставревски во неколку наврати како носител во четвртата изборна единица го има поразено сегашниот премиер Зоран Заев.

Ставревски беше еден од најблиските соработници на Никола Груевски и негов венчан кум за вториот брак.