Само што ја примив втората доза за имунизација, рече рускиот претседател Владимир Путин, на состанокот на бордот на Руското географско друштво, пренесува ТАС С.

Кремљ минатиот месец објави дека Путин ја примил првата доза на вакцината, но не прецизираше за која вакцина станува збор.

Три вакцини против коронавирусот се регистрирани во Русија – Спутник V, ЕпиВакКорона и КовиВак.