Драма во Глазгов! Шкотската полиција започна истрага по експлозијата проследена со пожар во куќата на претседателот на Селтик, Питер Ловел, објави шкотскиот клуб.

Куќата и автомобилите на Питер претрпеа голема штета. Во соопштението се вели дека Ловел и неговото семејство набрзина излегле од дома и биле видно вознемирени.

Шкотскиот весник Дејли рекорд цитира анонимен извор дека нападот бил извршен со молотов коктел. Според таблоидот, автомобилот прво бил запален, а кога експлодирал, пожарот се проширил на блиската зграда.