На денешен ден пред девет години македонската репрезентативна кошарка ја оствари најголемата победа во својата историја.

Антиќ, Илиевски, браќата Стојановски,МекКејлеб, Гечевски и останаите под палката на Докузовски во преполната „Жалгирис арена“ во Каунас со 67:65 го совладаа големиот фаворит, селекцијата на домаќинот – Литванија во четвртфиналрто на Европското првенство.

Вистински херој за пласман во полуфиналето беше Владо Илиевски кој со неверојатна тројка на 11.3 секунди пред крајот го најави големиот триумф и историското славје за македонската репрезентативна кошарка.