Пензионерка од Белград, Стојанка Стојановиќ или на прекар Кока (72), која вечерва беше пронајдена мртва во Звездара,му пресудила на инвеститорот Зоран Трифуновиќ сред улица пред две години, бидејќи наводно била жртва на неговата уцена. Безбедносните камери го снимија ладнокрвното пукање на пензионерката.

Stojanka_ubija_investitora_vesti_blic_unsafe

Телото на Стојанка Стојановиќ е пронајдено прободено со нож во градите, а покрај него е пронајдено и писмо.

Да потсетиме, Баба Кока го уби инвеститорот со пиштол, кој наводно и се заканувал и уценувал во неколку наврати да му ги продаде парцелата и куќата во Звездара каде што сакал тој да гради, за што таа не се согласила Го застрелала во вратот и стомакот, а потоа и во главата, по што го вратила пиштолот во торбата, си отишла дома и си легнала.

Баба Кока беше во притвор, што во меѓувреме беше заменето со куќен притвор поради нејзината возраст.

По неколку стручни извештаи за нејзината процедурална способност, беше проценето дека е време да почне судењето.

Таа е обвинета за кривично дело убиство, за што се соочува со казна затвор од пет до 15 години.

Трифуновиќ беше убиен во булеварот Крал Александар, на територијата на општина Звездара, на 2 септември 2018 година, а убиството е снимено од безбедносните камери. Како што може да се види на видеото, тој беше убиен на сред улица од жена со два истрела од пиштол. Кога полицијата открила што се случило, тропнале на нејзината врата, а баба Кока спиела! Подоцна негираше дека имала врска со убиството, а како што било утврдено, го зела оружјето од нејзиниот син, адвокат.