Во оваа чудна 2020 година, во која многу нешта беа поинакви, Македонија го направи најголемиот успех на фудбалски план. За првпат нашата најдобра селекција избори пласман на Европско првенство.

Победата над Косово значеше бараж дуел со Грузија. Победникот ќе се пласираше на Европско првенство.

Моментот за историја се случи во 56. минута на теренот во Тбилиси. „Танц“ на Елмас по левата страна, додавање со Пандев, во акцијата се вклучи и Несторовски, па Пандев и реализација. ГООООООЛ!

Гол за победа, за пласман на Европско првенство, за голема радост.

Погледнете го уште еднаш историскиот момент за Македонија. Потсетете се на овој златен момент.

извор :https://sportmedia.mk/