Шипово денес го потресе невидено злосторство, откако во манастирот Глоговац беше пронајден мртов монах со убодни рани, најверојатно нанесени со нож, дознаваат „Независне“.

Иако оваа информација не е официјално потврдена од полицијата, жителите на Шипово тврдат дека низ ова место поминал полициски кордон и екипа на брза помош.

Според весникот, монахот бил убиен со нож и, според неофицијални информации, бил прободен во градите.

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=3623934557652128&id=2243191075726490

Исто така неофицијално, се наведува дека полицијата трага по маж, кој може да биде поврзан со злосторството, но детални информации од надлежните органи не се објавени.

Локалното население е шокирано и во неверување дека се случило злосторство против монах на ова свето место.

На официјалната веб-страница на манастирот е објавено:

Во неверување и тага, ги известуваме сите верници на манастирот Глоговац дека непознат сторител вечерта на 7 декември го убил отец Стефан, долгогодишен монах во манастирот Глоговац.

Според првите неофицијални и непроверени информации, несреќниот монах бил убиен од наркоман од Бања Лука, кој дошол во манастирот со намера да побара од него пари.

Манастирот Глоговац е средновековен манастир на Српската православна црква посветен на Светиот великомаченик Георгиј. Се наоѓа околу 15 километри јужно од Шипово, во Република Српска.