Нинослав Јовановиќ, познат како „малчански бербер“, осуден е на доживотна казна затвор поради грабнување и злоставување на 12-годишно девојче.

Јовановиќ одби да присуствува на изрекувањето на пресудата, но во судот беа родителите на неговата последна малолетна жртва.

Нинослав Јовановиќ е осуден на 11 години затвор за киднапирање на 12-годишно девојче, додека за силување во продолжено траење е осуден на доживотен затовр, па како единствена казна му е изречена токму доживотен затвор.

Малчанскиот бербер прекарот го доби поради својата свирепа потреба жртвите да ги шиша пред да ги силува. Повеќе од 20 години од својот живот ги поминал зад решетки, а секојпат кога ќе излезе на слобода, го повторувал кривичното дело.