Бурата Филомена, поради која Мадрид минатата недела беше парализиран од снегот, се движи преку Средоземното море, веќе ги покри источните делови на Балканот и продолжува преку Србија и Македонија кон Грција и Турција.

Поради Филомена, во Мадрид падна невидено количество снег, а температурата падна на рекордни минус 36 степени.

Тоа беше првиот снег во Мадрид во последните 10 години и според метеоролозите падна околу половина метар. Главниот град на Шпанија нема забележано толку многу снег во последните 50 години. Во исто време, само за два дена во Гибралтар падна дожд колку што изнесува месечниот просек во овој период од годината.

Метеорологот и колумнист на хрватскиот портал Индекс, Дуња Мраз, вели дека во последните години стана правило ураганите да добиваат имиња, а имињата им ги даваат земјите кои први ќе бидат погодени од нив.

Дали ние ќе го наречеме овој циклон Филомена или не, факт е дека тој е истиот систем, иако во меѓувреме, минувајќи низ Средоземното Море, претрпе неколку промени. Сега стигна до Јонското и Егејското Море и продолжува на исток, првенствено кон Турција, но и кон дел од Грција, тоа ќе донесе необични врнежи, вели Дуња Мраз.

Таа додава дека ова се релативно невообичаени ситуации за овој дел од светот, но потсетува дека во последните зими веќе имало силни бури што донеле невидени снегови во јужните делови на Европа, па дури и на северот на Африка.

Дуња Мраз наведува дека преместувањето на овој циклонски систем од запад кон исток ќе предизвика повлекување на студениот воздух од север, од поларниот круг, на југ и дека овој екстремно студен бран на мраз се очекува во Хрватска и во јужниот дел на Балканот.