Москва е загрижена за најавите за трансфер на милитанти и на илегални вооружени групи во зоната на конфликтот Нагорно-Карабах, се наведува во коментарот на Одделот за информации и печат на Министерството за надворешни работи на Русија.

Според добиените информации, милитантите и илегалните вооружени групи, меѓу другите од Сирија и Либија, се префрлани во зоната на конфликтот Нагорно-Карабах, со цел директно да учествуваат во борбите.

„Длабоко сме загрижени за овие процеси, кои не само што доведуваат до уште поголема ескалација на тензиите во зоната на конфликтот, туку создаваат и долгорочни безбедносни закани за сите земји во регионот“, се вели во соопштението.

Во врска со ова, официјална Москва го повика раководството на водечките сили да преземат ефикасни мерки за спречување на употреба на странски терористи и платеници во конфликтот, како и мерки за нивно итно повлекување од регионот.

Касим ал-Јазмур, Сириец, родум од Деир ел-Зора и борец на турската платеничка единица „Султан Мурад (Мурат)“, почина во Нагорно Карабах. Тој беше убиен за време на ерменското гранатирање на азербејџанските позиции.

Азербејџан им ја предаде воздушната контрола над операцијата во Нагорно Карабах на турските воено-воздушни сили, изјави портпаролот на ерменското Министерство за одбрана, Арцрун Ованисјан.

Според него, со летовите на турската и азербејџанската авијација раководи авионот Е7-Т на турското воено воздухопловство, што преставува воздушен команден пункт.