Екипата на Наполи уште еднаш непријатно ги изненади своите навивачи и тоа против аутсајдерот Специја кој вечерва го освои „Диего Армандо Марадона“ со триумфот од 2-1.

Домаќините поведоа во вториот дел, меѓутоа потоа дозволија противникот да се врати во игра, па дури и да направи компетен пресврт иако играше со играч помалку. Во самиот финиш, судиското продолжение Наполи можеше да дојде барем до бод но нашиот Елиф Елмас и ветеранот Фернандо Љоренте се „заглавија“ во клучниот момент, беа неодлучни кој да шутне и со тоа пропадна шансата барем за реми.

Поради ова Елмас и Љоренте се критикувани на социјалните мрежи, а моментот во кој беа инволбирани е нарекуван комедија затоа што ова ретко се гледа на терените.