Албанската телевизија Топ-Ченал известува дека потерниците на  специјални обвинители Џек Смит, за воени злосторства може да бидат распишани и за албански државјани кои живеат во Албанија.

Дипломатски извор запознат со развојот на настаните во овој случај, за Топ Ченал изјавил дека последните апсења на поранешни високи лидери на ОВК на Косово се само почеток на долгиот бран апсења на луѓе кои ќе мора да се соочуваат со воените злосторства.

„Сè додека за време на војната албанската држава дозволуваше формирање затвори на ОВК на нејзина територија каде што е докажано дека се случиле злосторства, тогаш со голема веројатност специјалните обвинители ќе ги продолжат апсењата на одговорни лица во Албанија“, вели. дипломатскиот извор .

Целосниот документ на обвинението, познат како Анекс 3 објавен вчера од Специјалниот суд во Хаг, покрај затворите на ОВК на Косово, наведува три затвори во Кукс, Хас и Кахан во Тропоја, каде обвинителите велат дека биле извршени воени злосторства.

Овие затвори на албанска територија, покрај припадниците на ОВК, ги чувале и албански граѓани од северните области кои се приклучиле кон ОВК.

Топ-чанел известува дека доколку обвинителите сакаат да апсат албански државјани, тогаш Албанија ќе има обврска да прифати продолжување на работата на овој суд на територијата на Република Албанија.

Најпроблематичниот дел за Албанија во оваа истрага, според Топ ченал е тоа што со одлуката на владата од тоа време биле дозволени простории за ОВК кои покрај магацини со оружје, кампови за обука, формирале и 3 затвори, каде што според обвинителите лошо постапувале и биле убиени повеќе лица.