Најдобриот фудбалер на Јувентус, Кристијано Роналдо сам донел одлука да не игра против Беневенто, во натпревар во кој неговиот тим освои само еден бод (1-1).

„Кориере дела Сера“ објави дека во соблекувалната на Јувентус постои голем проблем во комуникацијата меѓу тренерот Андреа Пирло и некои фудбалери, па Роналдо сам решил да си направи пауза.

Медиумот пишува дека Пирло почнал да го губи авторитетот во екипата и дека многу фудбалери се жалат затоа што не знаат што точно се бара од нив.

Роналдо, наводно, решил од првата минута да го игра дуелот во Лигата на шампиони против Динамо Киев, иако „Старата дама“ веќе го обезбеди пласманот во следната фаза.

Јувентус направи голем кикс против Беневенто, па сега тимот од Торино се наоѓа на четвртата позиција во Серија А и има четири бодови помалку од Милан.