Во летото 2019 година Саутемптон доведе играч по име Че Адамс. Овој играч вечерва постигна гол против Њукасл, одигра уште еден добар натпревар, а за многумина остана запаметен по изјавата минатото лето.

„Не гледам причина зошто Саутемптон со ваков тим не би ја освоил Премиер лигата“, изјави тој тогаш.

Сега ситуацијата е таква што Саутемптон е прв на табелата во Премиер лигата, по прв пат по 32 години, но секако далеку се од освојување на титулата во шампионатот во моментов, а има уште многу до крајот и прашање е дали можат да издржат со вакво темпо.

Она што треба да се напомене е дека практично без големи засилувања ја започнаа оваа сезона, поради што многумина предвидуваа дека грчевито ќе се борат за опстанок.

Дека можеби ќе имаме нов Лестер оваа сезона, тоа е тешко, но секако се многу пријатно изненадување и ќе биде вистинско задоволство да се гледаат сезонава.