Жозе Мурињо, тренерот на Тотенхем му порача на Пеп Гвардиола да седи дома и да гледа на Телевизија фудбал од Бундес лигата ако се плаши дека е рано да продолжувањето на фудбалската сезона во Англија.

Според британските медиуми, Мурињо им се спротивставил на неговите колеги тренери кои изразија загриженост дали треба да излезат на стадионите пред целосно да се смири пандемијата. Преку конференциската врска Мурињо им порачал на Пеп Гвардиола и Френк Лампард, тренерите на Манчестер Сити и Челзи:
„Ако сте загрижени за враќање во акција, останете дома и гледајте ги натпреварите во Бундеслигата“. За разлика од Мурињо, Пеп Гвардиола и Френк Лампард, се најголемите поборници на идејата да почекаат пред да се вратат на теренот. Инаку, во најдобар случај, Премиер лигата не може да почне пред 12 јуни.

Мурињо стана мета на критики затоа што тој јавно ги поддржуваше своите играчи и работеше со нив на отворено на почетокот на пандемијата, но тој самиот вели дека сите мерки на претпазливост и социјалното дистанцирање се почитувани.


Напишете коментар