Жозе Мурињо вчера на социјалните мрежи објави дека потрошил 500 фунти за да купи шунка, тренерот на Тотнем сега објасни дека му ветил на тимот дека ќе части доколку го победат Манчестер Сити.

„Фудбалерите сакаат шпанска шунка, но е прилично скапа. Па почнува дебата кој да плати, кој да не плати… Некој спомна дека Регилон треба да плати бидејќи е Шпанец… Па јас реков, во ред, ако го победиме Манчестер Сити, јас ќе платам. Секако, фудбалерите беа среќни што јас морав да платам за шунката“ – вели „специјалниот“.