Производителите на пиво во Велика Британија имаат барање да произведат околу 118 милиони литри пиво за британските пабови во наредните две недели, бидејќи постои надеж дека тие ќе можат целосно да се отворат до крајот на јуни.

Според весникот „Сан“, првите тури треба да се испорачаат од 15 јуни, но клиентите ќе треба да нарачуваат од далечина, преку апликацијата, според владините наредби.

Според претходните најави, пабовите би можеле да се отворат најрано на 4 јули. Сепак, премиерот Борис Џонсон, минатата недела, изјави дека пабовите може да бидат отворени уште кон крајот на јуни.

Многу компании за производство на пиво, во меѓувреме, се фокусираа на производство на пиво во шишиња и лименки, пабовте по кои е позната Британија мораа да исфрлат огромно количество пиво во буриња на кои им истече рокот на траење.


Напишете коментар