По 16 години на чело на Германија, не постои ни најмало сомневање дека канцеларката Ангела Меркел остави трага и печат во најмоќната држава на ЕУ. Оние кои жалат за нејзиното заминување може да си купат колачиња од марципан со нејзиниот лик.


За секој Германец кој се плаши дека ке му недостига нејзиниот лик и дело, еден слаткар во Баварија смислил совршен потсетник на канцеларката– портрет од марципан.

Тоа е сувенир за сите фанови на Ангела Меркел, па и за тие кои не се. Се надеваме дека и едните и другите нејзиниот портрет од марципан ќе го стават некаде во нивната куќа, изјави Томас Кубер, менаџер на слаткарницата кој имаше идеја да се направи портрет на Меркел од колачи од марципан, пренесува newseu.cgtn.com

Направени се 500 колачиња кои ке се продаваат по цена од 5 евра.


Ги направивме така да може да траат најмалку две години, така што луѓето ќе може да го продолжат нејзиното траење за уште две години, додаде тој.


Всушност, тоа е повеќе слатко простување од канцеларката отколку остро кажување збогум.